
Со високи воени почести, чекор во ритам, звучен марш и горно подигнати знамиња – Штип денес го одбележа 18 август денот на Армијата и 33 години од нејзиното постоење.
На централната свеченост присуствуваше и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, премиерот Христијан Мицкоски воедно и врховен командант на вооружените сили. Со строев поздрав и свечен говор, тие им оддадоа признание на припадниците на АРМ за нивната посветеност, дисциплина и служба во одбраната на татковината. Претседателката Силјановска Давкова со длабока благодарност до сите нив.
Со многу нови инвестиции и вложувања во АРМ, од лицеместо на настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој потенцираше дека Владата ќе продожи посветено и чесно со работа и понатаму до следниот 18 август.
Инаку, настанот се одржа во касрната Јане Сандански во Штип, а на истиот присуствуваа сите припадници на армијата, како и претставниците на Владата. Оваа година навршија точно 25 години од постоењето на АРМ.
Иван Митев, М-Нет