
Поминаа пет месеци. Болката – ни малку помала, Кочани сè уште тивко плаче за младите животи изгубени во пожарот во дискотеката „Пулс“. А родителитe18 недели по ред маршираат – со фотографии во рака, со солзи во очи и со едно барање правда. Пет месеци од трагедијата што ги зави во црно десетици семејства, а одзеде животи што штотуку почнуваа. На улиците на Кочани – тишина, плач и чекори кои одѕвонуваат посилно од било каква врева.Секојa сабота, исто. Исти луѓе со истата болка.
„Ни недостасуваат секој ден. Нема утро без солза, нема вечер без тишина”, велат сотрените од тага родители и блиски на починатите.
На овој протест протестираа и децата кои беа повредени во пожарот во дисоктетката Пулс во Кочани. Особена благодарност упатија родителите на починатите, истакнувајки дека , иако тие деца се со повреди, тие дојдоа за поддршка, за разлика од цело Кочани.
Инаку, Родителите и понатаму не се откажуваат. Како што истакнуваат тие не маршираат само за своите деца, туку за да никогаш никое друго не изгори во немарност, безбедносни пропусти и затворени очи. Пожарот во дискотеката „Пулс“, кој се случи на 16 март , резултираше со трагична загуба на 62 животи и повеќе од 200 повредени. За семејствата на настраданите, болката е неизмерна, а барањето на правда е постојано присутно.
Иван Митев, М-Нет