Реакција од ФФМ: АМС не ја награди најголемата фудбалска победа на Македонија против Италија!

Фудбалската федерација на Македонија денес реагираше за изборот на Ангецијата за млади и спорт.

Од ФФМ се крајно изненадени што се премолчува најголемиот успех во историјата на македонската фудбалска репрезентација, а тоа е победата над европскиот шампион Италија во Палермо, како и обезбеденото финале во баражот за пласман на Светското првенство, каде Македонија беше поразена од Португалија.

„Во последните неколку години мислевме дека видовме се од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се “фатиме за глава”. Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена: – Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“ – се вели во реакцијата од Фудбалската федерација на Македонија.