Егоров и Наковска-Бикова се спортисти на годината, Пандев и Лазаров – Великани на македонскиот спорт

Синоќа во хотел „Александар Палас” во Скопје се одржа церемонија за свечено доделување на награди и признанија за најдобрите спортисти во 2022 година, 68. издание.

За најдобар спортист на годината избран е Владимир Егоров кој оваа година донесе европско злато за Македонија од Европското првенство. Најдобра спортистка на Македонија, пак, избрана е европската, светската, олимписката шампионка на Македонија, Оливера Наковска-Бикова.

Ракометната федерација на Македонија е избрана за најуспешна федерација. Сениорските ракометна машка и женска репрезентација беа избрани за најуспешни национални тимови.

Македонските спортски легенди Горан Пандев и Кирил Лазаров изминатата година ставија крај на своите спортски кариери, а синоќа Агенцијата за млади и спорт им додели признанија. Пандев и Лазаров добија награди за Великани на македонскиот спорт.