
Расте бројот на слободни работни места во државата, нема кој да работи. Како што соопштуваат од државниот завод за статистика највисоката стапна на слободни работни места има секторот објекти за сметување и сервисни дејости со храна и тоа за 3,69 проценти, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, кој изнесува околу 22 проценти.
,,Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година изнесува 2.02 %, а најголем број слободни работни места, oдносно 2 052, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.53 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.69 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.22 %.
Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.70 %“, соопштуваат од Државниот завод за статистика
Покрај што од една страна невработеноста ја истакнуваат од Државниот завод за статистика, и граѓаните од друга страна сведочат за ваквата ситуација. Велат ниските плати најголема причина.
Инаку, како што и понатаму појаснуваат од државниот завод за статистика највисока стапка на слободни работни места и понатаму има во Вардарскиот регион и тоа за 2,53 проценти. Според граѓаните само со високи плати и стабилен систем, младите би можеле да работат и да егзистираат во државата.
Иван Митев, М-Нет