
Нов бран поскапувања во маркетите, најмногу кај свежите производи. Доматите и краставиците бележат раст, а поскапи се и јајцата, што веќе се чувствува во домашниот буџет. Сепак, дел од производите имаат и намалување, што донекаде го ублажува ценовниот притисок. Од Владата велат дека состојбата внимателно се следи и дека наскоро ќе излезат со јасен став. Во меѓувреме, се очекуваат и мерки кои треба да донесат олеснување за граѓаните.
„Дојдовме до заклучок дека зголемувањето на цените е од прилика за 0,4 проценти. Кога ќе се спореди со оние цените кои што ги затекнавме на први април со оние цени од први февруар.
Во моментот размислуваме како да дојдеме до поевтини цени за граѓаните за одредена група производи, каде што имаме двоцифрен број проценти зголемување. Наскоро ќе излеземе со такво став. Има и производи кои што се поевтинети. Ги споредувавме четири маркети. Многу темелно е направена целата таа анализа, така да верувајте дека во овој момент состјбата е таква. Забележано е тоа кај доматите, краставиците, јајцата. Не би требало да почувствуваме поголем удар, затоа што проентуалното учество на овој дел за кое што се зголемени траспортните трошоци не дава за право дека ќе имаме огромен скок инфаторен за следниот месец, бидејќи влезот на крајната цена на траспортните трошоци, цените на дизелот и бензините не е голема.“, кажа Мицкоски
Паралелно со растот на цените, Мицкоски вели дека профитните маржи кај трговците се намалени. Според нивните пресметки, тие сега се под 15 проценти.
,,Од оваа анализа имаме некакви индикатори за одредни производи, кои што ги зголемиле своите цени за неколку проценти, односно за двоцифрен број проценти, тоа значи над 10 проценти. Кога станува збор за профитните маржи, можам да кажам дека тие се намалени споредено со први февруари на први април. Ако на први февруари, просечните профитни маржи биле нешто над 15 проценти според нашите калкулации, според дистрибутерите и ланците не е таа бројка, но според нашата. Сега се под 15, некаде околу 14,7 проценти, според нашата математика.“, додава Мицкоски
Состојбата и натаму се следи, а од Владата најавуваат дека наскоро ќе излезат со појасен став и конкретни мерки за цените. Во наредниот период се очекува појасна слика како ќе се движат цените и какви мерки ќе бидат преземени.
Иван Митев, М-Нет