Распишан тендерот за изградба на регионалната депонија во Свети Николе, ќе се реши ли проблемот и во Кочани?

Распишан меѓународниот тендер за изградба на првата регионална депонија во близина на светиниколското село Мечкуевци. Меѓународниот тендер за изградба на регионалната депонија во близина на светиниколското село Мечкуевци е распишан на 18 октомври, потврди Ана Мазнева-Каранфиловска од министерството за животна средина и просторно планирање. Изградбата на новиот современ систем за депонирање на отпад опфаќа вкупно 18 општини од Источниот и Североисточниот регион и Општина Свети Николе, која е дел од Вардарскиот регион. Изградбата на депонијата треба да чини 40 милиони евра, средствата се обезбедени од фондовите на ЕУ. Регионалната депонија ќе треба да опслужува околу 370.000 жители од двата региони и би имала вкупен капацитет да прими 900.000 метри кубни отпад. Предвидени се да бидат изграден претоварни станици за отпад во шест општини, а во Мечкуевци да биде главната постројка каде отпадот ќе се преработува по европски стандарди.

И додека на почеток е изградбата на регионалната депонија во светиниколско, граѓаните од Кочани втор ден по ред протестираат. Цел е дислокација на градската депонија во Кочани, со што ќе престане постојаното горење и загадување на воздухот.

„Целта е да спречиме дотур на отпад од околните места, затоа што нашата градска депонија нема капацитет ни градска да биде, а најмалку регионална. Едно единствено барање депонијата таму каде што е таму да се чувствува.“ – вели Сабовљевиќ.

Градската депонија во Кочани е проблем за граѓаните кои се провлекува го години наназад. Со изградбата на регионалната депонија во Свети Николе треба да се реши и проблемот за кочанчани, бидејќи депонирањето на шубре од околните општини ќе биде во Свети Николе, а не во Кочани.

Во меѓувреме, додека граѓаните протестираат целодневно, надлежните на терен го подготвуваат теренот кај депонијата за истата да може да се третира со алги.

Лаура Стојанова М-Нет