
По објавените резултати за причините за помор на риби во Калиманци, и градоначалникот на Општина Македонска Каменица, истакна дека ќе се работи на расчистување на случајот. Посочи дека ќе се повикаат сите релевантни институции со цел да се извршат испитувања зошто на 6 август годинава имаше помор на над 200 килограми риба во езерото Калиманци.
„Пред некој период обивме известување дека има огромен помор на риби. Причините за изумирање на рибата сега според нивните информации се дека била водата загадена. Ние ќе ги повикаме релевантните институции да извршат испитување и кога ќе добиеме официјални инфромации тогаш можеме детално да зборуваме.“ – вели Атанасовски.
Освен растителниот свет, во ризик се и земјоделците кои ги наводнуваат своите посеви со водата од Калиманци. Од оваа акумулација се надводнуваат илјаднци хектари ниви, на кои се произведуваат земјоделски култури. Атанасовски посочува дека сторителот треба да биде соодветно санкциониран.
„Пред сѐ се опфатени не само растителниот свет, туку засегнати се и земјоделците кои наводнуваат од ова езеро.
Кочанското јавно обвинителство веќе постапува по овој случај.
Поморот на риби во акумулацијата Калиманци на шести август е резултат на цијаниди, потврдија анализите на Институтот за сточарство, Инспекторатот за животна средина и МВР. Анализирани се мостри од Каменичка река , Калиманско езеро и од угинатите риби. Спортското риболовното друштво “Шаран“ од Македонска Каменица кое стопанисува со рибниот фонд на Калиманци, ги објави податоците од сертифицираните лаборатории.
Лаура Стојанова М-Нет