Кошаркарките на Соколи од Штип запишаа висок пораз од Борец Баскет, Ангели го доби дербито со Маџари за прво место!

Изминатиот викенд се одиграат натпреварите од третото коло од Втората кошаркарска лига на Македонија во коло каде кошаркарките на Соколи од Штип го запишаа првиот сезонски пораз откако загубија на гостување во Велес кај Борец Баскет со високи 96:75.

Чадамов постигна 25 поени за победничкиот тим, Сопроновски имаше 18 поени, а пак искусниот Штерјов имаше десет поени. Кај штипјани најдобар беше Коцев со 18 поени, а пак капитенот Караколев постигна 15 поени.

Во дербито на колото за прво место екипата на Маџари беше поразена од Ангели со тесни 81:83, каде во победничката екипа Богатиновски имаше 28 поени, а пак Стојанов 21 поен, а кај поразената екипа Петкоски имаше 19 поени.

Работнички со 78:83 беше поразен од екипата на Црн Дрим, Охрид конечно дојде до победа откако славеше убедливо над Академија ФМП со 89:64 во дербито на ланските прволигаши.

Александар Ванев, М-Нет