Рано утринава на 57 годишна возраст почина Весна Крстева

Рано изутрината на 57годишна возраст почина Весна Крстева главен уредник на Канал 77.

Крстева имаше 28 години плодна радиска кариера, која траеше се’ до петокот, 15 септември, кога, и самата незнаејќи, се одјави со своите последни вести на националното радио. На уредничкото место беше 13 години.

Новинарството е професија во која Весна целосно ја предаде својата личност и преку проектот кој и’ ја даде целата новинарска слава со циклусот емисии „Судбо, моја судбино“. Преку неа откри многу мали-големи луѓе, зборуваше за животот и нивната судбина, животниот пат. Беше вљубеник во литературата, извонредно ги паметеше настаните и луѓето и често се шегуваше дека во пензионерските денови ќе се посвети на славните жители на штипско Ново Село, каде живееше. Првата книга требаше да биде посветена на нејзиниот свекор, Трајче Крстев – Бирија и славните новоселски изрази.

Погребот е утре (27 септември) на Градските гробишта во Штип во 13 часот.

Лаура Стојанова М-Нет