Шест лица вработени во фирма во ТИРЗ Штип се затруени со храна, надлежните ја испитуваат причината

Шестмина вработени во ТИРЗ Штип се затруени со храна, а надлежните институции ја испитуваат причината за случајот. По пријавите, екипи од ЦЈЗ Штип извршиле увид во објектот на операторот за храна и презеле вонредни санитарно-хигиенски мерки. Земени се мостри од храната и брисеви од работните површини за микробиолошка анализа. До добивањето на резултатите, епидемиолозите ќе ја следат состојбата и ќе постапуваат согласно утврдените протоколи.

„Одделението по епидемиологија со социјална медицина при ЈЗУ ЦЈЗ Штип ја информира јавноста дека на ден 08.07.2026 гидинава се пристигнати 6 пријави за заболување- труење со храна, кај лица вработени во ТИРЗ Штип. На ден 08.07.2026 година после меѓу институционална координација се излезе на увид во објектот кој е оператор за храна во правното лице во ТИРЗ Штип. Извршен е едукативен разговор со одговорните лица и персоналот во однос на начинот на прием на храна, подгтовока, чување и складирање на храната, дадени се предог мерки и препораки. Назначено е генерално механичко чистење, извршена е вонредна дезинфекција, дезинсекција, деретизација на објектот, направени вонредни санитарни прегледи на вработените. Земен се мостри од инкримираната храна за микробиолошка анализа и брисеви од работни површини од кујната.“, велат од ЦЈЗ Штип

Одделнието по епидемиологија од ЈЗУ ЦЈЗ Штип соопштуваат дека ќе ја следи состојбата во наредниот период и ќе ја информираат јавноста за состојбата и при евентуална појава на нови случаи ќе переземат дополнителни мерки согласно законската регулатива.

Иван Митев, М-Нет