Кратовски компир, радовишки пипер на пазарот во Облешево, производство има ама не и пари

Кратовски компир, радовишки пипер – производство доволно ама побарувачката делумно солидна на пазарот во село Облешево. Граѓаните без пари, продавачите со надеж да продадат килограм плус за да ги покријат трошоците за производството. Цените стари, реални, ама испалтливоста далеку од доволна.

„Рано сабајле пазарот не тргна баш добро народот не е земал пензии уште, компирот даваме го 40 денари за килограм, гравче 140, кромид 40 денари. Цените се реални оти кромидот е бил и по 80 денари сега е за 40 денари килограм.“ – велат продавачите.

Производството оваа година е делумно добро. За дел од продавачите е задоволително, за друг дел многу слабо. Велат дека проблем ќе има за неколку години кога производи речиси и ќе нема оти нема ниту кој да работи.

„ Производство оваа година е ногу слабо. Пролетта беше врнежлива после почна сушен период, па кога се садеше немаше вода. Времето си го направи своето. Оваа година тешко, лани биде слабо,оваа година…“ – велат продавачите.

На пазарот во Облешево денеска најбарани производите за зимница како и сезонското овошје.

Лаура Стојанова М-Нет