Колку ефикасно институциите реагираат при пријави за уцени и демнење?

Колку ефикасно институциите одговараат на пријави за уцени и демнење, колку брзо и што преземаат? По трагедијата која утринава се случи во Кочани неодговорени остануваат низа прашања. Киров вели дека повеќе од потребно е ваквите пријави од страна на граѓани, пред се жени да бидат сериозно сфатени од институциите и навремено да се реагира за да не се случуваат настани како овој утринава кога маж во Кочани со нож уби 46 годишна кочанчанка.

„Во конкретниот случај уцената е сериозно кривично дело за кое следува и затворска казна до 5 години затвор. Можеби институциите не ја сфатиле или не ги сфатиле сериозно во почетокот пријавите на жената бидејќи како што гледаме седум години ттраела таа агонија. Најверојатно тоа ја обесхрабрило жената понатаму да пријавува и да бара помош се додека не била финансиски исцрпена. Прашање е кога пријавила, колку и што се преземало во меѓувреме, колку сериозно е сватена нејзината пријава и дали е направена проценка на ризик.“ – вели Кирова.

Проценка на ризик треба да се прави уште при првите пријави вели Киров, посериозно да се сфакаат пријавите на граѓаните и на тој начин превентивно да се делува.

„Ако се прави подобра проценка на ризик тогаш ќе можеме да ги антиципираме овие случаи кадешто постои опасност од фемицид, од убиство. Најверојатно ќе треба многу посериозно и попрофесионално да се реагира, уште на првите пријави да постапуваат полициските службеници и од центрите за социјални работи. Тие се први на удар.“ – додава Киров.

Од ОЈО Кочани во врска со настанот сооштија дека од нивна страна и извршен увид на лице место пред семејната куќа каде беше убиена жената. Телото е дадено на обдукција, сторителот на делото е лишен од слобода. Се постапува за расчистување на настанот и испитување на мотивите за убиството стои во соопштението од ОЈО Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет