
Вчера беа извлечените паровите за елиминационото коло од ракометниот Купот на Македонија.
Ждрепката посака соочување на прволигашот Текстилец од Штип против суперлигашот Прилеп, каде прилепчани се апсолутни фаворити за следна фаза. Аердром против Македонија ЃП, Мулти Есенс како голем фаворит ќе игра против Преспа Вардар.
Суперлигашот Бутел против прволигашот Металург РА, Радовиш како апсолутен фаворит против Скопје, прволигашот Кичево налета на пресилниот суперлигаш Пролет, Овче Поле со Борец Ф.Л.
Екипата на Охрид како апсолутен фаворит ќе игра со Шампион, Тиквеш со улога на голем фаворит против Јехона, а исто ќе биде и на мечот меѓу Куманово против прволигашот Астраион. Младост од Богданци против суперлигашот Струга, Вардар Неготино ќе игра против Паризан, а пак Еурофарм Пелистер 2 ќе игра со Драчево.
Елиминационото коло од ракометниот Купот на Македонија се игра овој викенд на 29 и 30 март.
Александар Ванев, М-Нет