
Вчера беа одиграни натпреварите од одложеното 21. коло на Втората лига, поради големата трагедија која се случи во Кочани, а натпреварите започнуваа со минута молк.
На М Нет телевизија можевте да го следите натпреварот меѓу Борец и Осогово, меч кој тимот од Кочани го доби со 1:3 и со тоа „жетварите“ сега се во ситуација да се борат за директен опстанок бидејќи имаат само четири бодови негатива од зоната за директен опстанок.
Погодоци и победа посветена на големата трагедија која се случи во Кочани. Фудбалерите на Осогово на загревање пред мечот истрчаа со црни маички со кои им се оддате почит на 59-те жртви, фудбалерите на левата рака имаа и црна трака, а со црни маички се загреваше и тимот на Борец пред почеток на мечот.
Брегалница на домашен терен ремизираше само против Скопје играјќи 1:1, во натпревар кој го следевте на спортски канал М Нет Спорт. Штипјани мораа да се задоволат само со бод, а мечот го одбележа одличниот гол на Иво Јанакиевски за водство на „пиратите“.
Арсими со убедливи 4:1 славеше висока победа над Каменица Саса со што тимот од Чегране го искористи киксот на Брегалница и дојде до само два бода негатива од бараж зоната и ја продолжува трката за местата кои водат кон елитата.
Башкими на домашен терен го доби убедливо Вардар Неготино со резултат од 5:2, со што тимот на Јанакиевски продолжува да го трасира патот кон враќање во Првата лига, а пак тимот од Неготино сега е пред искушениот кога е во прашање директниот опстанок во Втора лига.
Беласица без проблеми се справи со Новаци, откако мечот го доби со високи 3:0, а со тоа Новаци влезе во резултатска криза.
Реми имаше и во Радовиш каде Детонит Плачковица и Кожуф ги поделија бодовите играјќи 1:1, а реми без голови имаше на дуелот меѓу Охрид и Победа.
Лидерот Македонија ЃП со убедливи 4:0 го декласираше последнопласираниот Вардаски од Богданци.
Во однос на табелата Македонија ЃП е прва со 48 бодови, втор е Башкими со ист број на бодови, Брегалница е трета со 44 бодови, а пак Арсими е четврти со 42 бодови и овие екипи ќе ја водат трката за местата кон Прва лига.
На дното е Вардарски со осум бодови, Борец е претпоследен со десет бодови и овие две екипи речиси се сведуваат на многу тежок пат за опстанок, Осогово е во бараж зоната со 16 бодови, но има четири помалу од Вардар Неготино и Новаци кои се загрозени за директен опстанок.
Александар Ванев, М-Нет