
Вчера на Градскиот стадион во Виница се одигра хуманитерен натпревар за настрадатени од големата трагедија во Кочани, каде животот го загубија 59 лица.
Мечот беше меѓу третолигашот Слога и прволигашот Гостивар, а приходите во износ 34.110 денари кои беа собрани од кутија за донации се наменети за семејствата на загинатите девојчиња од Виница во оваа голема трагедија.
Својата голема хуманост ја покажа и газдата на прволигашот Госитвар кој донираше еден милион денари за настраданите од трагедијата во Кочани.
Судијата Александар Ананиев во 59. минута го прекина мечот во чест на 59-те жртви.
Уште еден се потврдува дека спортските клубови ја покажуваат солидарност и донираат за сите настраданите од оваа голема трагедија која ја зави Македонија во црно.
Александар Ванев, М-Нет