
Ракометниот клуб Прилеп за новата сезона од Суперлигата се засили со Божидар Лековиќ кој ќе биде нов лев бек на прилепскиот суперлигаш.
Се работи за 34-годишен репрезентативец на Црна Гора, кој претходно настапуваше за РК Шамот 65, а кариерата ја започнува во родниот Бар настапувајќи за РК Морнар.
Црногорецот со РК Прилеп стави потпис на договор од две години.
Претходно, РК Прилеп се засили со нов десен бек од Грузија, се работи за Сандро Дарсаниа.
Шампионот Еурофарм Пелистер се засили со кружен напаѓач, се работи за египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид. 26-годишниот пивотмен во Битоал доаѓа од турскиот првак Бешикташ.
Висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп. Новото засилување во Битола ќе биде промовирано следниот месец.
И останатите суперлигаши работат на продолжување на соработка со играчи, а се водат преговори за нови засилувања, бидејќи следната сезона конкуренцијата во Суперлигата ќе биде навистина голема.
Александар Ванев, М-Нет