
Новиот второлигаш Шкендија од Арачиново продолжува со градењето на тимот за новата сезона, откако тимот ја продолжува соработката со неколку играчи, а претстави и неколку нови засилувања.
Тимот од Арачиново кој ќе го предводи Шабан Сулиман ја продолжи соработката со Бујар Иљази, кој и во следната сезона ќе го носи „црвено-црниот“ дрес. Исто така, на една година е продолжена соработката и со Руфат Чилафи и Артан Чилафи, двајца играчи кои дадоа голем придонес за клубот да ја оствари целта, а тао беше влезот во Втората лига.
Клубот ја продолжи соработката и со Александар Ѓорѓиески, охриѓанецот останува клучен играч на Шкендија Арачиново и во новата сезона, а од клубот за Ѓорѓиески истакнаа дека се работи за фудбалер со срце, карактер и посветеност.
Во тимот останува и Љупче Трпески, фудбалер со богато прволигашко искуство беше столб во одбраната на тимот и вистински лидер, охриѓанецот со своето искуство даде значаен сегмент во остварување на целите на тимот од Арачиново.
Тимот се засили со Бурим Алиев, кој доаѓа од второлигашот Каменица Саса, а кој настапува како централен бек и ќе биде вистинско освежување во редовите на Шкендија Арачиново.
Како што веќе информиравме претходно Шкендија Арачиново се засили со Гентијан Амети и голманот Баки Алиу.
Нов тернер на голманите ќе биде Осман Даци, кој има искуство со работа со млади играчи и голмани.
Александар Ванев, М-Нет