Осогово од Кочани го утврди датумот за почеток на подготовките за новата сезона во Втора лига

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Второлигашот Осогово од Кочани го утврди датумот за старт на летните подготовки за новата сезона 2025/2026 во Втората македонска фудбалска лига.

По заслужениот одмор после тешката сезона во која Осогово преку ждрепка остана во второлигашкото друштво откако во баражот загуби од Шкендија Арачиново, екипа која стана нов второлигаш, Осогово на 7 јули ќе означи старт на летните подготовки.

Под водство на искусниот стратег Крсте Крстев, Осогово во новата сезона ќе има повисока цел, а тоа ќе биде директен опстанок. Во следниот период ќе биде утврден распоредот за одигрување на пријателски натпревари, а преку кои ќе се темпира формата за новата сезона.

Дополнително веќе се преговара со неколку поискусни засилувања кои би требало да пристигнат во Кочани, а во следниот период исто така се очекува истите да бидат и официјално претставени во дресот на Осогово.

Поради кратењето на лигата во следната сезона од Втора лига ќе испаѓаат дури пет екипи, а три ќе играат бараж за опстанок, а тоа ќе значи голема борба за опстанок.

Александар Ванев, М-Нет