Ракометарките на Астибо со важно гостување во Битола: Само победа против Пелистер е опција

В недела ракометарките на Астибо ќе гостуваат во Битола, каде во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се соочи со Пелистер, во натпревар од 10. коло на Суперлигата, а натпревар кој е од капитална важност и за двете екипи.

Астибо во досегашниот тек од сезоната забележа две победи, едно реми и шест порази, со тоа има пет бодови и се наоѓа на шестото место на табелата, додека пак Пелистер е место подолу на табелата со два бодови, односно има една победа и осум порази.

Штипскиот тим со засилувањата од Ангола, предводен од искусната голгетерка Марија Анчева во Битола оди по трето славје, со кое ќе се зацврстува во средишниот дел од табелата, со што штипски Астибо значително ќе се одлепи од последни две позиции на табелата.

Натпреварот се игра со почеток од 15:30 часот, судии ќе бидат Виктор Андонов и Александар Вукашиновски од Скопје, а пак делегат ќе биде Ерик Белимов, исто така од Скопје.

Александар Ванев, М-Нет