
Интересот за боксот се зголемува во Штип вели искусниот тренер на боксерскиот клуб Пинк Пантер, Петар Чурлиновски, кој за М Нет телевизија потврди дека младите доаѓаат и сакаат да се запишат и да го спортуваат овој спорт.
Покрај интересот на младите за боксот, има интерес и од самата штипска јавност да следи одлични натпревари, а потврда за тоа е полната сала за меморијалниот „Јордан Мијалков“.
Бројот на боксерите во Пинк Пантер систематски се зголемува вели Чурлиновски, а денес бројката достигнува 15 боксери кои активно се натпреваруваат.
Пред боксерите на Пинк Пантер следуваат нови предизвици за кои се подготвуваат под водство на тренерот Чурлиновски.
Александар Ванев, М-Нет