Ракометарите на Текстилец на тешко гостување кај фаворитот Драчево Јуниор, дерби на Вардар Неготино и Мулти Есенс

Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 25. коло на Првата ракометна лига. Во рамки на оваа коло ќе се игра дербито меѓу Вардар Неготино и лидерот Мулти Есенс, каде гостинот од Автокоманда не смее да погреши, односно ќе треба да ги освои бодовите со цел да го сочува првото место, во секој друг случај Младост од Богданци може да избие на првото место.

Партизан на домашен терен ќе има тешка задача против Македонија ЃП.

В недела Јехона ќе има лесна задача против Шампион, а пак Текстилец од Штип ќе има тешко гостување кај фаворитот Драчево Јуниор. Младост од Богданци во рамки на 25. коло ќе гостува кај Аеродром.

Во рамки на оваа коло слободна ќе биде екипата на Овче Поле од Свети Николе, а пак Преспа од Ресен ќе добие службени бодови од мечот со откажаниот Кичево.

Александар Ванев, М-Нет