
Пиштоли, куршуми, бела прашкаста и растителна материја пронајдени кај двајца штипјани и двајца велешани. Прегледот во три патнички возила го извршиле полициски службеници од СВР Штип при контрола на патниот сообраќај, при што четирите лица ги лишиле од слобода.
„Во текот на вчерашниот ден, по преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници при СВР Штип, на подрачјето на град Штип лишени се од слобода две лица на возраст од 34 години од Штип и две лица на возраст од 37 и 26 години од Велес. При контрола на патниот сообраќај, извршен е преглед во три патнички моторни возила во кои се превезувале, при што пронајдени и одземени биле еден пиштол со калибар 9 мм и 20 куршуми, еден пиштол марка „црвен застава“ со калибар 7,65 мм и една рамка со шест куршуми, бела прашкаста материја и растителна материја“ истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Како што велат од СВР Штип, во моментов се работи на целосно комплетирање и документирање на случаите, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ребека Спасова М-Нет