
Делумно раздвижен пазарот во Кочани, ама побарувачката слаба. Продавачите на овошје и зеленчук велат дека граѓаните прашуваат ама купувањето оди потешко. Се купува едвај по еден килограм, иако цените се реални според нив за овој период од годината. Загрижува фактот што нема кој да произведува, ама уште позагрижувачки според продавачите е што веќе нема млади ниту да купуваат.
„Слабо има народ, слаб е пазарот. Цените се средни, за оние кои имаат пари е евтино, за останатите сакпо. Чекаме ги тетките да дојдат да земат нешто, младите ги нема. Доматот е 80 денари зошто – оти нема земјоделци.“ – велат продавачите.
Ако имаат пари купуваат ако немаат не – купувачите велат цените се исти неколку четвртоци по ред ама примањата се ниски, па мора да одлучат што и колку ќе купат согласно нивните примања.
„Цена си е цена ама луѓето немаат пари.“ – велат купувачите.
Доматот, краставицата, пиперот како и сезонско овошје најбарани денеска на пазарот во Кочани денеска. Производство има, иако невремето претходната недела уништи голем дел од истото.
Лаура Стојанова М-Нет