
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Д.Т.(23) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. На 02.03.2023 на локација во село Јаргулица, радовишко, каде повремено престојува пријавениот, полициски службеници од ОВР Радовиш и Оддел за криминалистичка полиција при БЈБ, а во координација со Царинска управа, Државен пазарен инспекторат и Инспекторат за животна средина, извршиле претрес, при што биле пронајдени 1.900 евра и 42.000 денари, кои се одземени под сомнение дека потекнуваат од кривично дело, бидејќи пријавениот не приложил доказ за потеклото на паричните средства.