Радовишкото село Ораовица 21 година домаќин на меѓународниот фолклорниот фестивал ,,Велигденски средби“


Радовишото село Ораовица 21 година ја негува велигденската традиција. И оваа година селото домаќин на меѓународниот фолклорниот фестивал ,,Велигденски средби“. Со гости од земјава и странство, годинава тие го одбележаа 21 роденден, од кога постои фестивалот. Како што соопштуваат организаторите за М-Нет телевизија годинава бројката на учество била масовно поголема, па истата изнесува над 1000 учесници. Тамошното КУД Китка од селото, кое постои 56 години оваа година се покажа како амбасадор при промовирањето на нематеријалното и материјалното културното наследство и богатство на македонецот. Покрај промоцијата, фестивалот од друга страна има за цел да ги зближи народите, да создаде цврсти пријателства и можност за гостувања. Инаку, секоја година овој фолклорен фестивал се оддржува во дворот на манастирот Св. Ѓорги победоносец, кој е закрилник на селото, а воедно, светец кој ги обединува како граѓаните на држава, така и други државјани.

Иван Митев, М-Нет