Шкендија преку Браво до пласман во третото коло во КЛ, Марко Ѓорѓиевски херој за вицешампионот од Тетово

Вицешампионот Шкендија обезбеди следна фаза односно пласман во третото коло на Конференциската лига на УЕФА откако преку пресврт го доби словенечки Браво со резултат од 3:1, со што тетовскиот тим со вкупен резултат од 4:3 ги продолжува европските настапи.

Шкендија под водство на Артим Положани одлично го отворија мечот, но во 17. минута Браво преку Станковиќ погоди за водстов од 0:1. Во 36. минута тимот од Словенија си постигна автогол за 1:1.

Во второто полувреме Шкендија направи пресврт преку Криезиу за 2:1, а во самиот финиш Марко Ѓорѓиевски погоди за конечни 3:1 и го реши мечот за пласман на Шкендија во третото коло.

Шкендија сега за предизвик ќе го има шкотскиот Хибернијан, откако овој тим до пласман во третото коло стигна преку косовската Малишева. Првиот меч меѓу Хибернијан и Шкендија ќе се игра на 6 август во гости, а пак реваншот е во Скопје закажан за 13 август.

Александар Ванев, М-Нет