Апел за нов почеток во Кочани, граѓаните повикуваат на промени и создавање на нова политичка култура

Апел за нов почеток во Кочани, граѓаните повикуваат на промени и создавање на нова политичка култура. Новата Граѓанската иницијатива насловена како ,,Кочани“, на социјалните мрежи од вчера повикува на обединување, заедништво и изградба на поинакво и посвесно општество. Со силни пораки како ,,има должиме на загинатите и повредените“, , ,,системот што не уби не е само политикa“, ,,Смртта не праша кој за кого гласал“ , , Злото не го познава партискиот билтен“ тие започнуваат да се солидаризираат.

„Децении наназад не учеа да молчиме. Ни зборуваа дека тие знаат што е најдобро за нас. Ни ветија иднина, па ни ја одзедоа сегашноста. Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе умира Кочани “, се вели во објавата, која го осудува постојниот политички систем и културата на пасивност што, како што се наведува, придонела за трагедијата

Посебен акцент се става на поддршката на новиот независен градоначалник, за кого се вели дека „не може сам“, но дека претставува шанса за искрена промена, само ако добие поддршка од активните граѓани.

,,Кочани нема да го спаси ниту еден градоначалник сам. Но имаме можност првпат по долго време со човек кој не е залепен за никаква политичка позадина, со млад и борбен независен градоначалник кој искрено сака подобро. Тоа е шанса. Но ни тој не може сам. Му треба нашата поддршка не со слепа послушност, туку со активна, искрена, граѓанска енергија. Да му помогнеме, не затоа што ни кажала партијата, туку затоа што го чувствуваме како еден од нас. Затоа што Кочани му припаѓа на граѓаните а не на партиските штабови.“, додаваат тие

Дополнително од таму истакнуваат граѓаните да се откажат од навиките што ги чинат многу. Да престанат со старите практики како фрлање на ѓубре, паркирање по тротоари, однесување како градот да е туѓ. Велат напротив Не е туѓ и треба да е промени на подобро.

Иван Митев, М-Нет