Со светата вода на Исус Христос, штипјанецот Ванчо Стојанов се излекувал од шеќерна болест

Со светата вода на Госпос Исус Христос, штипјанецот Ванчо Стојанов се излекувал од шеќерна болест. Слушнал од свои блиски, дека на неколку километри од Штип кај манастирот посветен на Воскрението Христово, тече извор бистра вода, која лекува од шеќер или познато како дијабестес. Како што вели за М-Нет телевизија дошол, оти имал големо гајле, ама не и силна вера, па останал без надеж дека водата ќе го излечи, оти во бабини деветини тој не верувал. Кога после шест месеци отишол на контрола, ниту тој, ниту лекарот неможеле да поверуваам дека од 18 единици, тој имал само една единица шеќер во крвата, па од 2 апчиња наутро и две навечер, сега тој пие само едно. Вчуден за чудото и денес останува пред нашите камери

Дека постои виша сила, Стојанов почувствувал на своја кожа. Препорачува, никој да не суди, бидејќи и кога најмалку се надевате, Бог го отвора своето срце.

Ванчо на сите граѓани по повод велигденските празници посака на секого здравје ,среќа и љубов, а на безбожниците само трпение без осуда, бидејеќи тој е пример дека Бог постои.

Понатаму она што останува е тоа дека чуда постоеле, постојат и ќе постојат, а дали граѓаните ќе веруваат останува индивидуално прашање, на кое секој треба да му пристапи и да си го одговори и како што вели Ванчо да не се осуди, оној кој верува.

Иван Митев, М-Нет