Радовишанец возел 133 км на час во Делчево на ограничување од 60 км на час, бил приведен

На 08.08.2025 во 12:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода П.К.(32) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај со радар било констатирано дека П.К. управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки надвор од населено место со брзина од 133 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 60 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесено пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.