
70 годишниот Јосифов Цане од село Уларци подолг временски период живее во мизерни услови. Без електрична енергија и без вода, со храна која ја добива од неговата сестра ги прежував деновите. Живее сам, во куќата во село Уларци, чекајќи ја неговата сестра да му донесе парче леб и вода. Нема никакви примања, па како што вели сестра му Блашка едвај преживува.
„Мојот брат од 1984 година, мајка ми како почина доби удар. Сега живее мизерно, нема струја искучена му е.“ – вели неговата сестра Блашка.
Во оваа прилика упати апел до сите хумани храѓани кои се во можност да донираат и да му помогнат на Цане, да може да си купи храна и вода.
„Кој што може да помогне имам трансакциска сметка, кој може да помогне нека помогне. Јас му давам од мојата пензија, донесам со торби јадење. Јас му купувам, јас му донасам.“ – вели Блашка.
Дополнителен проблем овде се и крадците кои се секојдневна мора. Претходниот период се украдени дрва од дворот на Цане, како и вредни работи кои останале во визбата.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет