ОК „УГД Студент“- жени од Штип во новата сезона ќе настапува како здружение на граѓани

Универзитетот „Гоце Делчев“нема правна можност да финансира професионални спортски екипи и за таа цел машкиот клуб го носи името Штип УГД. По тој основ машката екипа го користи бенефитит да ја користи бесплатно спортската сала Јордан Мијалков, како и бесплатен превоз. Сите преостанати финансиски обврски се водат на посебна жиро сметка како што се на пример храната, подготовките на екипата, и други работи се на работа на раководството на клубот.Самото вметнување на името на градот Штип носи одредени придобивки и од градот ште се зема како олеснителни околности за клубот. Исто така бидејќи костурот на екипата е во главном од студенти на овој универзитет, партиципацијата доаѓа на нивен терет. Нашите информации велат дека од есен, односно од новата сезона по истите стапки ќе продолжи и женскиот одбојкарски клуб кој засега се води како УГД Студент. Исто така и овој клуб ќе мора да направи договор си Универзитетот за регулирање на меѓусебните обврски кои во главном се зацртани со користење на салата и превоз како и некои други сортски погодности водејќи сметка дека од есен ќе мора да се регистрираат како здружение на граѓани. Искуството со машката екипа под раководство на Ване Санев вели дека во оваа сезона се постигнати одлични резултати во сите возрасни категории а во таков стил секако се посакува да продолжи и женската екипа на чие чело е тренерот Благој Тасев.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk