Пројковска ќе им суди на Кожуф и Детонит Плачковица, Дејановски главен во Кочани!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Утре на програмата ќе бидат натперварите од 6. коло на Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите второлигашки натпревари, кои ќе започнат во 14 часот.

Владимир Ѓорѓиевски ќе им суди на Вардар Неготино и Башкими, меч кој ќе се одигра на СЦ „Пандев“ во Струмица, откако теренот во Неготино беше суспендиран поради инцидентот по завршување на мечот со Охрид.

Александар Василевски ќе им суди на Победа и Охрид, Спире Арсов ќе ја дели правдата на мечот меѓу Новаци и Беласица. Дени Лековски ќе биде задолжен за правдата на натпреварот меѓу Каменица Саса и Арсими, а пак Игор Иванов ќе биде главен во Богданци каде ќе играат Вардарски и Македонија ЃП.

Марјан Дејановски ќе им суди на Осогово и Борец, Ндерим Тефику на Скопје и Брегалница во Автокоманда, а пак Ивана Пројковска го доби дербито во Гевгелија каде ќе им суди на Кожуф и Детонит Плачковица.

Александар Ванев, М-Нет