
Второлигашот Вардар Неготино преку сооштение се извини до јавноста и од ГФК Охрид Лихнидос за вчерашниот инцидент кој се случи по завршувањето на мечот.
- СООПШТЕНИЕ НА ГФК ВАРДАР НЕГОТИНО:
„Од името на ГФК Вардар Неготино како управен одбор сакаме да го истакнеме нашиот став за целосната настаната ситуација по натпреварот одигран на домашен терен во рамките на 4. коло од 2МФЛ. Како управен одбор кое е највисоко тело во клубот, сакаме јасно и гласно да се изјасниме дека СЕ ОГРАДУВАМЕ И ЈА ОСУДУВАМЕ ЛИЧНОСТА КОЈА ШТО ГО НАПРАВИ ВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ. НЕГОТИНО И ВАРДАР СЕКОГАШ БИЛЕ ДОБРИ ДОМАЌИНИ И ИСТО ТАКА САКАМЕ ДА УПАТИМЕ НАЈИСКРЕНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЕКИПАТА НА ФК ОХРИД ЛИХНИДОС! Ве известуваме дека нашиот клуб со одлука од ФФМ доби суспензија на нашиот градски стадион. Па така, наредните натпревари од 2МФЛ наместо во Неготино на домашен терен со свои навивачи и своја публика, нашиот клуб ќе ги игра во С.Ц. “Пандев”во Струмица БЕЗ ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА. Во сабота натпреварот помеѓу ФК Вардар Неготино и ФК Башкими ќе се одигра во Струмица со почеток од 14:00 часот. Вардар Неготино е клуб кој што назад низ историјата не бележи никаква ваква слична ситуација, тврд клуб низ кој поминале одлични фудбалери и кој сеуште има такви! А ние, ќе се крениме од ова и ќе гледаме само напред“, велат од ГФК Вардар Неготино.
Бидејќи стадинот во Неготино е суспендиран од страна на ФФМ, натпреварот со Башкими екипата на Вардар Неготино како домаќин ќе го одигра на СЦ „Пандев“ во Струмица, в сабота од 14 часот без присуство на публика.
Александар Ванев, М-Нет