Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Шкендија и Вардар, Грујоски на Работнички и Шкупи

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

В недела ќе се одиграат натпревари од осмата рунда на Првата македонска фудбалска лига, познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.

Игор Стојчевски ќе им суди на Тиквеш и Силекс, меч кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Кичево, откако теренот во Кавадарци беше суспендиран, Стојанче Трпчевски ќе ја дели правдата на мега дербито во Тетово меѓу Шкендија и Вардар.

Марјан Младеновски ќе биде задолжен за правдата на дуелот меѓу шампионот Струга Трим Лум и лидерот на табелата Гостивар, Фуркан Идирзии ќе им суди на Беса и Воска Спорт.

Александар Грујоски ќе ја дели правдата на скопската пресметка меѓу Работнички и Шкупи, а пак Влатко Илиоски ќе им суди на Брера Струмица и Пелистер.

Натпреварите ќе започнат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет