
Во јунскиот испитен рок за полагање државна матура се пријавиле 14.834 кандидати. Годишната просечна оценка за матура е 3,25, посочи директорката на државниот испитен центар Билјана Михајловска на денешната прес-конференција. Вели дека овој резултат се должи на преземаните мерки за начинот на полагање. Во однос на претходните години се чини дека оваа бројка е пониска но сепак според објективноста е одлична.
„Сметам дека оваа година мерките што ги презедовме дадоа резултати во смисла да добиеме пообјективни резултати. Значи годинашната средна оценка на матурата е 3,25 споредно со другите години можеби малку пониска, меѓутоа споредно со она што сме го имале претходно како начин на функционирање, одлична оценка во однос на објективност.„ посочи Михајловска
Во оваа прилика министерката за образование и наука Весна Јаневска посочи дека е задоволна од постигнатиот резултат на учениците, според тоа следната година најави дека ќе започне преговори со универзитетите во државата да обезбедат поголем број на амфитеатри за матурата како и тоа да се обезбедат блокатори со цел да се избегне користењето на комуникациските уреди.
„Од следната година ќе се обидеме максимално процесот на спроведување на матурата, деталите за кои јас ќе зборувам, само за два всушност веќе се разговарани со директорката на државниот испитен центар.Оттука би споменала само дека спроведување на матурата во поголем простор дава резултати па затоа ние најбрзо што може ќе почнеме преговори со универзитетите во државата да ни ослободат поголеми простори односно амфитеатри за да може во нив да се спроведува матурата. Но, обезбедени со блокатори за децата да не можат да ги користат комуникациските уреди.“ вели Јаневска
Според иноформациите биле откриени 49 ученици кои за време на решавањето на тестовите користеле мобилен телефон, додека 4 ученици биле фатени како препишуваат решенија по претходно добиени одговори на поставените прашања. При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати. На 268 ученици на кои им била изречена мерката поништување на испитот ќе можат повторно да полагаат во августовскиот испитен рок.
Лаура Стојанова, М-Нет