
Лубеницата и компирот со пониски цени на пазарот во Штип ги израдува граѓаните. Секој може да си дозволи да купи килограм компир или лубеница, велат анкетираните граѓани. Според нив ззадоволителен е пазарот, бидејќи покачување на цените нема, а се бележат пониски цени на дел од производите.
„Како секој петок и денеска. Не гледам покачување на цените, дури кај дел од производите има намалување на истите. Намалена е цената на бостанот, на компирот. “ – додаваат купувачите.
Дека намалување на цените има согласни се и продавачите. Велат дека ова е со цел да може секој да си купи. Побарувачката на пазарот е на задоволително ниво, раздвиженост има, а со тоа и потрошувачка. За дел од цените на производите велат дека дополнително ќе се намалат сега летниот период кога ќе се зголеми поризводството. Единствено што останува како проблем е фактот што се помалку има народ кој сака да работи земјоделие.
„Пазарот е добар, цените се скромни, не се како што беа. Цената на компирот е намалена, а и на сите други артикли. Падна цената и на лубениците, 20 денари за килограм е.“ – велат продавачите.
Сезонското овошје, како и доматот, краставицата, пиперот и денеска најбарани и најпродавани на штипскиот пазар.
Лаура Стојанова, М-Нет