Пропустите во осигурувањето ги предомислуваат земјоделците да го осигураат својот род

Недоречености во општите правила за осигурување е главната причина за слабиот интерес за осигурување на земјоделскиот род. Според Младен Митев, чија компанија одгледува овошје на околу 200 хектари, незамисливо е еден современ земјоделец во услови на климатски промени да не ги осигурува своите посеви. Меѓутоа, многуте пропусти ги предомислуваат земјоделците.

Тешко се наплатува и штетата на осигурениот род, а се случува осигурителните компании да не соработуваат со земјоделци чии посеви се во регион со висок ризик од штети.

Годинава само две осигурителни компании нудат полиси за земјоделците, нема конкуренција, па затоа, според земјоделците, условите што ги нудат не се поволни. Владата субвенционира 60 отсто од полисата, најмногу до 150 илјади денари.