За дел „изгор скапо“, за дел непроменети цени – голема раздвиженост на штипскиот пазар

За дел од купувачите „изгор скапо“, за дел исти цени. Последниот пазарен петок во Штип со голема раздвиженост на градскиот пазар. Увозните производи сѐ уште се со високи цени, а домашното производство полека бележи пад на цената. И покрај цените, од утринава штипјани во голема мера беа излезени да ги купат потребните производи.

За салата и овој петок не се купува домат оти цената стои висока, јагодите и црешите, пак, неделава се најактуелни. Веќе им е сезона, па бележат пад на цената од 20 до 30 денари. Купувачите со поделено мислење за состојбата на градскиот пазар.

Сепак, и продавачите беа задоволни од побарувачката, и купувачите од понудата. Најмногу се бараа пиперките, зелката и краставиците, но интерес имаше и за овошјето.

Ребека Спасова М-Нет