Пронајдено починато лице на улица во Штип

На 29.11.2020 околу 04.15 часот полициски службеници од Полициската станица Штип на ул.„Сремски фронт“ во Штип го забележале безживотното тело  на Ѓ.Ј.(58) од Штип. Смрт без траги на насилство била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.