Семејно насилство во Штип, приведено едно лице

На 29.11.2020 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода О.Д.(23) од Штип, затоа што околу 21.00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Се работи на комплетирање на случајот, по што против О.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.