Футсал: КМФ „Астибо“ во понеделник ќе биде домакин во Штип

Мајсторите на малиот фудбал на програмата ќе ги имаат натпреварите од 5 коло на Првата Македонска лига. Тимот на Астибо кој натпреварите ги играше во четврток навечер, отсега ќе ги игра во понеделник навечер во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип. Астибо ќе биде домакин на тимот на Арбен Бајрами со почеток во 19.00 ч. без присуство на публика. Досега Астибо ( инаку ослабен со само 6 играчи) има учинок од еден нерешен резултат и 3 порази. Натпреварот во Велес, Кеги Меги – Шкупи ќе се одигра дополнително бидејќи играчите на Шкупи вечерва ќе играат со првакот на Ирска, Даблин во рамки на лигата на Шампиони. Еве ги комплетните парови за ова 5 коло:

  1. Кеги Меги – Шкупи
  2. Велес – Кратово
  3. Проект Цико – Карадак
  4. Црна Река – Мал Ајакс
  5. Астибо – Арбен Бајрами
  6. Јувентус – Железарец

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk