Пронајдено недозволено оружје во автомобил со штипски регистарски ознаки

Регионален центар за гранични работи „Југ“ поднесе кривична пријава против Т.Л.(45) од Демир Капија, М.М.(44) од Штип и Г.И.(31) од Штип поради постоење основано сомение дека сториле кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи казниво по чл.396 ст.1 од Кривичниот законик. На 10.09.2020 од полициски службеници од Полициска станица Михајлово при вршење на мотопатролна дејност во реонот на с.Дрен, Демир Капија на место викано„Брана-с.Дрен“ околу 01.00 часот било запрено патничко моторно возило„нисан патхфандер“ со штипски регистарски ознаки управувано од М.М. во кој сопатници биле Г.И. и Т.Л. при што по извршениот преглед во возилото биле пронајдени една ловечка пушка со пет патрони за кои не поседувале дозвола, две подводни пушки, три парчиња експлозив и три електрични каписли, одело за нуркање и други предмети.