Немил настан на фудбалското дерби во Штип

Страшен инцидент се случи денеска надвор од трибините на Градскиот стадион во Штип. Впрочем, денеска се одигрува натпреварот помеѓу „Тиквеш“ и „Брегалница“, но поради ковид пандемијата се одржува без публика. За жал, тоа не ги спречи навивачките групи „Фаланга“ и „Лозари“ своите сили да си ги пресметаат надвор од стадионот. На главната улица кај Градскиот стадион во Штип, со блокирање на сообраќајот и употреба на пиротехнички реквизити, предизвикаа немир и вознемиреност.

Се слушаа викотници и јасно се гледаше сликата во која се употребуваа тупаници и клоци.

 На лице место интервенираа и од полицијата во Штип, при што во судирот повреден е еден полицаец.

Полицијата работи на расчистување на случајот.