Темата која крена голема прашина во медиумската јавност, поткрената од гостувањето на премиерот Зоран Заев и изјавата во „БГНЕС“ денеска се најде на тема на разговор и на прес конфернцијата на партијата од ИНТЕГРА.
Класичниот фашизам односно непризнавање на постоењето на еден народ, на македонскиот народ со нивното постојано тврдење дека има бугарски корени се јасно гледа. Исто така, не се признава и постоењето на македонско малцинство во Пиринскиот дел, од страна на Бугарија. Но, ова не би се случувало доколку ние не се наоѓавме постојано во политиката со веднење глава и виење кичма – соопштија од Интегра.
Од партијата на Интегра, прес конференцијата ја завршија со став дека целата парламентарна опозиција веднаш без одолжување треба да го напуши парламентот и да предизвика парламентарна криза во Македонија.