
Пронајдени човечки коски кај таканаречените Печурки во Штип. Имено, во текот на денешниот ден при работа на терен на ЈП Исар за промена на водоводна мрежа ископани се коски, на поголема длабочина. За случајот пријавено е во СВР Штип од каде излегоа на терен. Запознаен беше и Јавен обвинител, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден. Според очевидци на ова место и претходно се наоѓале коски, бидејќи таму претходно имало гробишта.