
Само по половина или по цело кило купуваат штипјани оти не се задоволни од цените на штипскиот пазар. Велат дека од петок на петок сѐ е поскапо, а за нивниот џеб тоа е непристапно. Посакуваат да има намалување, ама и не очекуваат тоа да се случи.
Дека има промена во цените, потврдуваат и продавачите. Некаде се продава поевтино, некаде поскапо. Спанаќот на дел од тезгите неделава беше со пониска цена, на други, пак, остана по цена од 90 или 100 денари за килограм. Поскапување има и кај зелка и марула.
Продавачите се поделени во однос на прашањето дали цените ќе се покачат или намалат. Дел од нив велат дека поради подобрите временски услови, ќе има повеќе производи, други, пак, се жалат дека производството е слабо, а и нема кој да работи.
Продавачите, генерално, беа задоволни од денешната побарувачка. Велат дека е подобра од минатиот петок, а има и доволно производи за да се снабди секој.
Ребека Спасова М-Нет