
За речиси 50% се намалени еднодневните тури, шопинг турите во туристичките агенции, оти голем дел од граѓаните немаат патни исправи со новото има на државата. Уште не целосно опоравени од корона пандемијата, велат добиваат нов удар. Граѓаните се во дилема дали да закажат одмор за летната сезона, се откажуваат еднодневни патувања, шопинг центрите за каде се полнеле по неколку автобуси сега се полни едвај еден. Од туристичките агенции велат дека моменталната ситуацијата со патните исправи и лични документи ги ставила во мат позиција.
„Во моментот сме во полн ек на закажување на оние пред сезонски понуди кои се однесуваат за текот на летото. Ама се соочуваме со голем проблем поради недостаток или неможност луѓето да ги извадат своите лични документи. Ова преставува уште еден удар за туристичките агенции.“ – вели Митрев.
Намален е и бројот на граѓани кои ќе патуваат надвор од државата за Осми Март. Од туросточките агенции децидно велат дека се бараат алтернативни решенија, за разни понуди на граѓаните, но и за помош сами на себе. Дел од нив велат дека има заинтересираност за летната сезона, бидејќи граѓаните се надеваат дека до јуни ќе добијат пасош со новото име на државата.
„Најдовме друго решение каде ќе може да патуваат и патниците кои немаат нови патни исправи, со старите лични карти тоа е во Белград и Соко Бања и планината Ртњ. Освен овие ние имаме аранжмани и за Кавала. Но сепак има има заинтересираност за сите тие наши понуди.“ – додава Смилевска- Наковска.
Дел од граѓани кои веќе имаат пасош или пак се во преоцедура на добивање уплаќаат одмор за летната сезона. Во дел од туристочките агенции се плаќа 30%, а целосната исплата е до самиот одмор. И годинава најголем интерес има за Грција, Турција, Црна Гора, Албанија. Алл инклузов најчесто се резервира за Тунис и Египет.
Лаура Стојанова М-Нет