
Високи сметки за струја пристигнаа на адреса на голем број граѓани во Штип, а вакви информации изминатиот период ги преплавија и социјалните мрежи. Граѓаните велат не смениле ништо во начинот на греење на домовите на пример, или пак готвење на струја, а сметките високи до плафон. Не знаат на што се должи ваквото покачување, ама децидни се дека ова е удар по џебот на граѓаните, оти со ниските примања ако платат висока сметка за струја недостасуваат пари за храна.
„Некна стигна сметаката за струја, 200 денари плус за тоа новото за декември, пристап на мрежа. Со 16000 денари пензија што понапред. Не знам што е работата за покачувањето. Важно има покачување. Јас сум пензионер, општо влијае лошо врз Буџетот.“ – велат граѓаните.
Поголем дел од анкетираните граѓани на терен во Штип велат дека не се греат на струја туку на дрва. Додаваат дека готват за време евтина тарифа во периодот од 13 до 15 часот, а сепак плаќаат скапи сметки струја.
„Не, не се греам на струја. На дрва се греам, а ја користам евтината тарифа кога можам. Сега ми дојде сметка за струја 1 500 денари.“ – додаваат граѓаните.
Штипјани очекуваат овие сметки да се регулираат и да се плаќаат пониски сметки за струја, за да може да останат пари за храна и останато.
Лаура Стојанова М-Нет