
Разликите во дневни максимални температури го зголемуваат бројот на пациенти во Брзата помош Штип. Натпросечно високите дневни температури еден ден, проследени со дожд и ниски температури веќе наредниот влијаат врз здравјето на грѓаните. Промените ги чувствуваат сите, од децата па се до возрасниите кои бараат медицинска помош. Од брзата помош Штип потенцираат дека младите се жалат на покачена телесна темппература и стомачен вирус, додека повозрасните имаат проблеми и со варирање на кривниот притисок.
„Од кога почнавме да влегуваме во периодот на есената, некои денови имаме зголемени температури, некои денови драстично се намалуваат имаме зголемен број на пациенти. Влегуваме во сезоната на грип, пациентите се јавуваат на лекар заради зголемена телесна темппература, акутни заболувања, крајници. Кај младата популација пациентите се жалат на покачена телесна температура, стомачен вирус и дијареа.“ – вели Наков.
Кај лицата со хронични болести варирањето на дневните температури е најзабележително, бидејќи веднаш чувствуваат варирање на крвниот притисок. Затоа лекарите апелираат навремено да се зема препишаната терапија, а доколку има промени да се консултира и матичниот лекар.
„Сега веќе единствено нешто на што треба да се придржуваат до редовно користење на хроничната терапија.“ – вели Наков.
Дополнително пациентите да водат грижа за сопственото здравје и кога е во прашање сезонскиот грип. Иако голем дел од граѓаните се вакцинираат сепак тоа не значи дека нема да се заразат туку дека симптомите ќе бидат поблаги, а перидот пократок. Затоа е потребно соодветна грижа, облека, храна и пијалоци со цел зима без грип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет